Утрински Весник
Магазин

Објавени деталите за крунисувањето на кралот Чарлс

Објавени деталите за крунисувањето на кралот Чарлс
Dik 300x250 mk

По заклетвата дека ќе биде бранител на верата, Чарлс ќе биде крунисан, со што и официјално ќе стане крал на Обединетото Кралство. Камила ќе ја преземе титулата кралица и ќе ја носи круната на кралицата Елизабета.

dobivaj vesti na viber

Крунисувањето на кралот Чарлс III (74) ќе биде на 8 мај. Тоа ќе биде првпат по 70 години, Велика Британија да има нов монарх. Крунисувањето ќе се одржи во Вестминстерската опатија, а со него ќе претседава надбискупот од Кентербери, соопшти палатата.

Пред главната церемонија ќе има процесија од Бакингемската палата до опатијата, а потоа уште една поворка, во која на Чарлс и Камила ќе им се придружат и другите членови на кралското семејство. Потоа сите заедно ќе излезат на балконот на палатата, каде што ќе бидат крунисани сопружниците.

Принцот Хари (38) и неговата сопруга Меган Маркл (41) наводно нема да бидат на балконот за време на крунисувањето на кралот и кралицата, истакнуваат странските медиуми. Тоа ќе им биде дозволено само на вработените членови на семејството, а Хари и Меган, како и принцот Ендрју, повеќе не вршат службени должности.

Церемонијата треба да биде поскромна отколку во минатото, барем така беше објавено во соопштението на палатата минатата година. Крунисување на кралицата Елизабета Втора траеше три часа, а на Чарлс ќе трае нешто повеќе од еден час. Ќе има околу две илјади гости.

Кралот ќе седне на столчето за крунисување, кое датира од почетокот на 14 век и ќе се заколне дека ќе биде бранител на верата. Тие потоа ќе ја постават круната на свети Едвард на неговата глава, со што и официјално ќе стане крал. Камила ќе ја преземе титулата кралица покрај новиот крал и ќе ѝ биде поставена круната на кралицата Елизабета. Принцот Вилијам на крунисувањето официјално ќе биде именуван за принц од Велс.

Можете да прочитате

Нов ризичен сексуален тренд ги загрижува лекарите: Што е „омораши“ и зошто може да биде опасен?

Работник на крузер откри во која земја одбива да работи: „Културниот шок е преголем“

Драма во живо: Српската водителка Маша Зиповски се онесвести за време на пренос на Бинго