Утрински Весник
Магазин

Објавен стрип за животот и кариерата на Марија Кери

Објавен стрип за животот и кариерата на Марија Кери

Мараја Кери доби стрип кој го раскажува нејзиниот живот и кариера, објави „Тајделвејв комикс“.

dobivaj vesti na viber

Стрипот посветен на американската пејачка и актерка е дел од  серијалот Female Force („Женска моќ“), во кој се прикажуваат кариерите на многу успешни жени во својата дејност.

На 22 страници, стрипот ја раскажува приказната за детството на Мараја и нејзиниот пат до славата. Издавачот Дарен Г. Дејвис објасни зошто стрипот за неа е објавен токму сега.

„Нејзината приказна инспирира и затоа претпразничниот период е вистинско време да се најде во продавниците стрип посветен на кралицата на Божик, чиј хит од 1994 година, All I Want for Christmas Is You, веќе 25 години редовно се емитува на радио станиците и на адвентите.“

Во серијалот „Женска моќ“, суперѕвездите на кантри музиката Доли Партон и Лорета Лин и пејачките Барбара Стрејсенд и Стиви Никс добија свои стрипови.

 

Стрипот за Мараја Кери со тврда или мека корица е достапен од среда, 7 декември.

Можете да прочитате

Пет тајни за подобро здравје, подолг живот и младешки изглед

Култното дуо Мекартни-Ленон се обнови: Синовите на славните Битлси објавија песна

НАСА повикана да се вклучи во потрага по чудовиштето од Лох Нес