Утрински Весник
Економија

Објавен е јавниот повик за поддршка на мали дестилерии

Објавен е јавниот повик за поддршка на мали дестилерии
300x250 (7)

Денеска, на веб страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопантсво, објавен е јавен повик за финансиска поддршка на мали дестилерии.

dobivaj vesti na viber

Поддршката за малите дестилерии произлегува од Програмата за финансирање на микро земјоделски производители на вино и алкохолни пијалаци, како нова мерка за поддршка, која за прв пат започнува со реализација од оваа година.

Ss1

Целта на програмата за финансирање на микро земјоделски производители на алкохолни пијалаци е поддршка на земјоделските стопанства во остварување на додадена вредност во примарното производство, развој на производи со традиционални карактеристики и зголемување на конкурентноста, како и развој на семејни бизниси од областа на производство на жестоки алкохолни пијалаци.

Висината на финансиската поддршка изнесува до 300.000 денари по корисник, а средствата можат да бидат искористени за набавка на опрема за производство на жестоки алкохолни пијалаци и ангажирање на стручно лице, технолог за производство на алкохолни пијалаци.

Право на учество на јавниот повик имаат земјоделски стопанства регистрирани во Електронскиот регистар во царинската управа како земјоделци–мали производители на жестоки алкохолни пијалаци, или регистрирани во Електронскиот регистар во царинската управа како мали независни производители на етил акохол и жестоки алкохолни пијалаци за комерцијални цели–мали дестилерии, согласно Правилникот за начинот на оданочување со акциза на алкохол и алкохолни пијалаци и тутунски производи.

Крајниот рок за доставување на барањата за финансирање е 30 дена од денот на објавувањето на јавниот повик.

Министерот Николовски денеска беше во посета на мaла дестилерија во Неготино од каде го најави повикот и ги повика сите заинтересирани производители на жестоки алкохолни пијалоци да аплицираат и да ја искористат поддршката.

„Преку оваа нова мерка уште еднаш на дело докажуваме дека сме министерство кое го слуша гласот на земјоделецот. Токму оваа нова мерка за поддршка на малите дестилерии доаѓа како барање од земјоделците при нашите теренски средби. Мерка во чие креирање беа вклучени и консултирани земјоделците, малите производители на жестоки алкохолни пијалаци. Денес токму од терен, од малата дестилерија на Влатко Стојанов во Неготино го најавуваме почетокот на јавниот повик за поддршка на малите дестилерии. До сега имаме регистрирани 23 мали дестилерии, но ги бележиме и првите здруженија на мали дестилерии. Токму затоа очекувам овој јавен повик да предизвика голем интерес кај малите производители на алкохолни пијалаци и максимална искористеност на поддршката која ја ставаме на располагање за набавка на опрема за производство“ изјави Николовски и притоа искажа очекување малите дестилерии да го достигнат успехот на малите винарии.

 

Ss1

Можете да прочитате

Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март

Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање

Бензините поскапуваат, дизелот поевтинува – 24info.mk