Утрински Весник
Спорт

Ливерпул испратил понуда за Кунде

Ливерпул испратил понуда за Кунде
300x250 (7)

Ливерпул испратил понуда до Барселона за дефанзивецот Жил Кунде (24), тврди „Дејли Мејл“. Кунде е незадоволен од позицијата на која игра кај тренерот Чави. Минатата недела јавно го изрази своето незадоволство. ПОобара трансфер доколку Чави и следната сезона планира да го користи како десен бек.

dobivaj vesti na viber

Жил Кунде, минатото лето ја одби понудата од Челси и за двојно помала плата прифати да се пресели во Барселона. Каталонците за него платија 50 милиони евра.

300x250 (7)

„Дејли Мејл“,наведува дека Барселона планира да продава играчи за да собере пари, за да може да остане во границите на финансискиот фер-плеј, но не сака да го пушти Кунде за помалку од 60 милиони евра.

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп сака прво да изврши реконструкција во редот за врска, а потоа да ја засили и одбраната, каде исто така ќе има големи промени. Вирџил Ван Дајк и Ибрахима Конате сигурно ќе останат, а клубот ќе го напуштат Џо Гомез и Жоел Матип.

Кунде има договор со Барселона е до 2027. „Трансфермаркт“ го проценува на 60 милиони евра.

Ss1

Можете да прочитате

Ливерпул го избра Слот за наследник на Клоп

Американците бараат суспензија и за Јокиќ по инцидентот кој го предизвикаа неговите браќа

Ѓоковиќ: Се надевам дека ќе играм барем уште еднаш со Надал