Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Објавен јавниот повик за распределба на 62 станови во социјалната зграда во Неготино

Објавен јавниот повик за распределба на 62 станови во социјалната зграда во Неготино
Dik 300x250 mk

Министерството за транспорт и врски денеска го објави јавниот оглас за распределба на 62 станови во социјалната зграда во Неготино.

dobivaj vesti na viber

Јавниот повик трае 30 дена и на него може да аплицираат шест категории на граѓани согласно Одлуката за распределба на социјални станови и тоа:

– деца без родители кои до својата 18-та година биле згрижени во институции за деца без родители,

– корисници на право на гарантирана минимална помош,

– лица погодени од елементарни – природни непогоди,

– лица со попреченост и семејства со лица со попреченост,

– лица припадници на Ромската заедница- социјално загрозени согласно Стратегијата за Ромите

– самохрани родители со малолетни деца.

Барање за добивање на социјален стан за користење под закуп може да поднесе лице државјанин на Република Северна Македонија, да е со постојано место на живеење во општината каде е изграден социјалниот стан и лицето да не поседува стан во лична сопственост, на брачниот другар и на полнолетните членови на неговото заедничко домаќинство на територијата на Република Северна Македонија.

Социјалните станови ќе се распределуваат согласно Методологијата за бодирање на кандидати за добивање на социјален стан под закуп составен дел на Одлуката за распределба на социјални станови, како и условите за нивно користење изградени по Програмата за изградба, продажба и одржување на станбениот простор во сопственост на Република Северна Македонија.

Сите заинтересирани лица ќе можат да аплицираат во Центарот за социјални работи во Неготино, а условите и критериумите можат да се најдат на веб стната на Mинистерството за транспорт и врски, како и во Центарот за социјални работи во Неготино.

Можете да прочитате

Претрес во село во општина Чашка поради сомнение за поткуп при избори

Студентка била снимана додека се туширала во студентски дом, полицијата го уапсила манијакот

„ХУМОРОТ Е КИСЕЛ, БАЛКАНСКАТА РЕАЛНОСТ НЕПРОМЕНЕТА” – „НАРОДЕН ПРАТЕНИК” НА МНТ СО ОВАЦИИ ВО БРЧКО