Утрински Весник
Македонија

ЈО: Екстрадицијата на Палевски ќе биде спроведена преку Министерството за внатрешни работи

Ljupco Palevski 1.jpg

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија соопшти дека е известено дека Министерството за правда добило официјална информација од Република Турција дека се одобрува екстрадицијата на лице осомничено за две кривични дела грабнување, како и за две убиства на свиреп начин.

-Постапката за екстрадиција ќе биде спроведена преку Министерството за внатрешни работи. По предлог на Основното јавно обвинителство Скопје на осомничениот веќе му е определена мерка притвор која треба да започне да се применува веднаш по неговото испорачување, соопштија од Обвинителството.

Претходно од Министерството за правда информираа дека е добиено  официјално известување дека екстрадицијата на Љупчо Палевски е дозволена.

Министерот за правда Кренар Лога на својот фејсбук профил напиша дека од Турција е добиено одобрение за екстрадиција на лицето Љупчо Палевски.

-Позитивниот исход на постапката произлегува по сите максимално преземени мерки и активности од делокругот на надлежности на Министерството за правда, напиша Лога.

Можете да прочитате

Државата става на продажба три апартмани на Мијалков во Панорама резиденс

Вториот блок на РЕК Битола конечно повторно вклучен во електродистрибутивната мрежа

Спасовски: Со акробации во Собрание ВМРО-ДПМНЕ го блокира Законот за Кочани