Утрински Весник
Македонија

Oпштина Ѓорче Петров со легнати полицајци ја зголемува безбедноста во сообраќајот

Oпштина Ѓорче Петров со легнати полицајци ја зголемува безбедноста во сообраќајот

На десетина улици во општина Ѓорче Петров на кои има голема фреквенција на возила, а каде што имало и поплаки од жителите дека се вози бргу, се поставени т.н. легнати полицајци.

Како што посочуваат локалните власти, со оваа акција, која ќе продолжи и натаму, целта е да се подигне безбедноста во сообраќајот, а со тоа да се спречат евентуални несреќи што може да се случат.

„На барање на жителите поставени се препреки за намалување на брзината на возилата на повеќе фреквентни локации и улици во урбаните заедници и во близина на училиштата и детските градинки“, посочи градоначалникот Александар Стојкоски.

Меѓу улиците опфатени се „Кичевска“, „Злате Михајловски“, „Ѓуро Салај“, „Мице Козар“, „Островска“, „Црногорска 2“, „Арсениј Јовков“, „Мечкин Камен“, улиците „1596“, „49“.

Како општина, Ѓорче Петров апелира возачите да внимаваат и да ја приспособуваат брзината со која се движат во согласност со законските регулативи.

Можете да прочитате

На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори, одлучи ДИК

Превентивна кампања за повозрасните – „Внимавај телефонски измами”

Левица: Полицијата на Тошковски и ДПМНЕ ја гуши тагата наместо да носи правда