Утрински Весник
Македонија

Oпштина Чашка утре ќе изврши авионско прскање против комарци

Второ прскање против комарци во Југоисточниот регион
Dik 300x250 mk

Велес 28 јуни 2020 (МИА)Општина Чашка утре во раните утрински часови – од 05.00 до 08.00 часот ќе врши авионска дезинсекција против комарци.

Како што информираат од Општина Чашка, со авиотретманот ќе бидат опфатени: течението на реките Тополка, Бабуна, Изворчица и Мелничка, населените мест Чашка, Лисиче, Еловец (оризови насади), Раковец (Општинска депонија), Отиштино, Бањица, Богомила, Согле, Теово, Населба Оморани, Мартолци, Извор, Мелница и Лисиче.

Во случај на промена на временски услови (врнежи, ветер) прскањето ќе биде одложено за наредниот ден во истиот временски период.

Се известуваат пчеларите, за време на прскање и 3 до 4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши прскањето врз безбедноста на пчелните семејства, велат од Општина Чашка.ад/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Приведен 49-годинишен тетовец по објавите со закани на социјалните мрежи

Левица: Орце бега од дебата без тутор и наместени прашања

Давкова на вечера со Макрон