Утрински Весник
Македонија

Oпштина Чашка утре ќе изврши авионско прскање против комарци

Второ прскање против комарци во Југоисточниот регион

Велес 28 јуни 2020 (МИА) – Општина Чашка утре во раните утрински часови – од 05.00 до 08.00 часот ќе врши авионска дезинсекција против комарци.

Како што информираат од Општина Чашка, со авиотретманот ќе бидат опфатени: течението на реките Тополка, Бабуна, Изворчица и Мелничка, населените мест Чашка, Лисиче, Еловец (оризови насади), Раковец (Општинска депонија), Отиштино, Бањица, Богомила, Согле, Теово, Населба Оморани, Мартолци, Извор, Мелница и Лисиче.

Во случај на промена на временски услови (врнежи, ветер) прскањето ќе биде одложено за наредниот ден во истиот временски период.

–Се известуваат пчеларите, за време на прскање и 3 до 4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши прскањето врз безбедноста на пчелните семејства, велат од Општина Чашка.ад/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Еден повреден пренесен со Брза помош во пресметка пред СЦ „Јане Сандански“

Вооружено разбојништво во Чаир: Тројца одзеле пари од обложувалница

Димитриевски: Додека ЗНАМ е во Владата, правосудниот испит ќе се полага на македонски