Утрински Весник
Спорт

Нула на „Ренато Далара“

Нула на „Ренато Далара“

Болоња и Лацио одиграа натпревар без голови во 26.коло, во Серија А. Лацио, по триумфот во Неапол, не успеа истото да го направи и на „Ренато Далара“ стадионот и ега со натпревар повеќе на третото место има само бод повеќе од Рома и Милан. Овие два тима утре ќе ги одиграат своите натпревари.

dobivaj vesti na viber

Болоња и Лацио одиграа здодевен натпревар, најдобрата шанса на натпреварот ја пропушти напаѓачот на Лацио Педро во 16. минута кога од непосредна близина го промаши целиот гол.

До крајот на првото полувреме уште еден обид на двете страни, но резултатот остана 0:0. Во вториот дел немаше ниту една закана кон голманите.

Можете да прочитате

ФИФА може да ги одложи баражите за СП 2026 година во Мексико поради немирите во земјата

Душко Стојановски едногласно избран за нов претседател на Македонската БЏЏ Федерација! 

ЗОИ2026: Норвешка со најмногу медали