Утрински Весник
Македонија

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор

Armija Arm.webp.webp

Независниот синдикат на одбраната информира дека денес Министерството за одбрана исполни уште една своја обврска од колективниот договор, исплатени се средствата кои беа заостанати од потпишувањето на КД заклучно со јуни.

Исплатата доаѓа по разговорите со министерот за одбрана Владо Мисајловски, а се однесува на:

Зголемување по Уредба 15% и 30% за период од 02/2024 до 06/2024
Посебен степен на образование КША, ШНО, Докторат, Магистратура и др. за период од 02/2024 до 06/2024
Учество во комисии во висина од 10% за период од 02/2024 до 06/2024
ДОПОЛНИТЕЛНО е исплатено и:
Закупнина за 10/2024
Награда од 10.000 денари за 320 учесници во пожарите, информираат од Синдикатот.

НСО како репрезентативен синдикат продолжува со социјалниот дијалог за подобрување на правата и благосостојбата на вработените во МО и Армијата и изразува благодарност до министерот за исполнување на наследените обврски.

Можете да прочитате

ОУ „Лазо Ангеловски“ го прекина бојкотот, учениците утре продолжуваат со настава

ВМРО-ДПМНЕ: Сите 9 судии на Уставен се избрани од 2018 до февруари 2024, кога во судството жареше и палеше ДУИ и СДС

Ѓорѓиевски: Голем интерес за мерката за ослободување од комуналии за младите