Утрински Весник
Свет

Ново разрешување од функција на висок претставник во кинеската армија поради истрага за „сериозно кршење дисциплина“

China Flag.jpg

Кинеските власти соопштија денеска дека е разрешпен од функција високиот воен функционер Миао Хуа поради тоа што е осомничен за „сериозно кршење на дисциплината“.

Владејачката кинеска Комунистичка партија „одлучи да го разреши Миао Хуа од должност во очекување на истрага“, изјави на брифингот со новинарите Ву Чиан, портпарол на кинеското Министерство за одбрана.

Миао Хуа е со чин генерал во морнарицата на Кинеската народна ослободителна армија и од октомври 2017 година директор на Одделот за политичка работа на Централната воена комисија.

Можете да прочитате

Кралот Чарлс III: „Раната дијагноза на рак ми го спаси животот“

Ердоган по средбата со Путин: Мирот во Украина не е далеку

Мјанмар: Армијата бомбардираше болница за која тврди дека е база на милитантна група