Утрински Весник
Македонија

Ново продолжување на рокот за доизградба на автопатот Кичево-Охрид до крајот на 2026 година !

Screenshot 2024 04 01 181052.png

Со 78 гласа „за“ и ниту еден „против“ или воздржан, пратениците на заминување од овој парламентарен состав денеска во Собранието, на 150. итна седница го изгласа предлогот на Владата по скратена постапка да се донесат законските дополнувања, нов анекс на договорот со кинеската компанија „Синохидро“ за пролонгирање на рокот за завршување на изградбата на автопатската делница Кичево-Охрид. Новиот краен рок до кога треба да бидат завршени градежните работи на автопатот Кичево-Охрид е предложено да биде 31 декември 2026 година. Потребата од донесување на дополнувањата на законот кој во целост гласи Закон за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци-Штип (завршена н.з) и делница Кичево-Охрид ги образложи министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.   Дополнувањата ги утврди техничката влада на седница на 26 март. Во предлогот за продолжување на рокот за изградба на делницата, Кичево-Охрид, чиј изведувач е кинеската компанија „Синохидро“, се наведени добиените мислења од надзорот на изградбата на делницата и ФИДИК-експертот што го ангажираше Јавното претпријатие за државни патишта и Владата. Причините за новото пролонгирање на рокот за завршување на делницата се 13 нови свлечишта, за што е потребно ново проектирање и технички решенија.  

Можете да прочитате

И амбасадорот во Романија, Жерновски, повикан на консултации во МНР

На Табановце за влез во државата се чека околу еден час

Полицијата веднаш го пронајде – Виктор е најден во Кирамидница