Утрински Весник
Свет

Ново правило за летовите до Турција – следи казна ако го направите ова

Avion.jpg

Патниците што летаат за Турција кои ќе ги откопчаат безбедносните појаси и ќе излезат од седиштето пред слетувањето, сега се соочуваат со казни според новата регулатива издадена од Турската управа за цивилно воздухопловство.

Новиот закон, кој стапи на сила на почетокот на мај, е обид да се влијае врз безбедноста, бидејќи е откриено дека голем број патници ги откопчуваат безбедносните појаси, стануваат и ги отвораат куферите пред авионот да застане.


Генералниот директорат на Турската управа за цивилно воздухопловство вели дека добиле поплаки дека луѓето го кршат ова правило и при инспекциите потврдиле дека многу патници не се придржуваат.

Самата регулатива не ја наведува висината на казната, но турската телевизија Халк ТВ објави дека таа е 2.603 ​​лири или 60 евра.

Според новиот турски закон, казна може да се издаде и ако патниците брзаат кон излезот откако знакот за безбедносниот појас е исклучен, иако патниците во редовите пред нив сè уште не се подготвени. Авиокомпаниите кои не ги исполнуваат овие барања може да се соочат и со административни казни.

Туркиш ерлајнс веќе ги испрати релевантните информации до своите стјуардеси, објавија турските медиуми.

Можете да прочитате

Момче избодено во училиште, родителите во паника дошле да ги земат своите деца во Берлин

Во Франција за четири дена уапсени 55 педофили

Белгиското Обвинителство побара одземање на имунитетот на петмина европратеници во врска со случајот „Хуавеј“