Утрински Весник
Македонија

Костадинов: Кога Владата тера инает, самите ќе си вработиме кадар во градинките

Kostadinov 2.jpg

Поради недостаток на негувателки во градинките под надлежност на општина Струмица, градоначалникот Костадин Костадинов упати силна порака до јавноста:

„Бидејќи дечињата згрижени во градинките под надлежност на општина Струмица имаат потреба од негувателки, а Министерството за финансии на Гордана Димитриевска-Кочовска и Министерството за труд и демографски политики на Фатмир Лимани одбија да ни дадат согласност за ангажирање на нови негувателки, ние самите ќе најдеме решение за вработување на потребниот кадар.


Општина Струмица и јас нема да дозволиме никогаш дечињата да страдаат поради терање на партиски инает и непринципиелни предизборни агенди.

Итен ребаланс на буџет само за тој основ е навистина неопходен – се работи за нашите деца!

Очекувам дека за многу брзо време потребните негувателки, воспитувачи и технички персонал ќе почнат да работат со дечињата во нашите градинки” – порача градоначалникот Костадин Костадинов.

Можете да прочитате

Јахији победи во Брвеница со 265 гласа разлика, ВМРО-ДПМНЕ го призна поразот

Мицкоски по поразот од ДУИ: Повеќе гласови, но недоволно за победа

НБРМ вчера смируваа, денес презедоа контрола – Што се смени во АЛТА банка за 24 часа?