Утрински Весник
Свет

Нови видеа од убиените војници на ЈНА: Ќе соработува ли Словенија во истрагата за военото злосторство кај Копер?

Нови видеа од убиените војници на ЈНА: Ќе соработува ли Словенија во истрагата за военото злосторство кај Копер?

Откако излезе веста дека српското Обвинителство за воени злосторства, кое води истрага за ликвидацијата на тројца војници на ЈНА во јуни 1991 година од страна на словенечката полиција кај граничниот премин Шкофије, близу Копер, сега се поставува прашањето дали новата власт во Љубљана ќе ја опструира или ќе соработува со истрагата.

dobivaj vesti na viber

Српска „Политика“ пишуваше минатата недела дека истрагата за случајот веќе е во поодмината фаза и би требало целосно да расветли се што се случило во убиството кај Шкофије и да ги доведе пред лицето на правдата не само сторителите, туку и оние што го прикривале убиството повќе од три децении.

На видео-снимките до кои дошло обвинителството, направени пред и по злосторството, наводно се гледаат телата на убиените војници како и на сторителите – четворица припадници на словенечката милиција кои може да се идентификуваат- на злосторството од кое поминаа повеќе од 30 години, а за кое сега никој не одговараше.

Во масакрот на словенечката милиција беа убиени војниците на ЈНА Неџмедин Османи, Бранко Седлар и Слободан Пантелиќ, а тешко беа повредени уште двајца припадници на ЈНА. Во возилото на ЈНА бил и мајорот Борис Ѓоргоски од Прилеп.

Злосторството на граничниот премин кај Копер кој во тоа време бил заземен од ЈНА се случил по склученото примирје кога шест војници тргнале да префрлат еден ранет полковник и да набават храна и вода. Словенечката полиција прво одбила да ги пушти, а потоа ги испратила и во заседа, во која загинале тројцата војници.

“Велат дека 30 години чекав за ова, ама не е така бидејќи за мене времето застана во моментот кога во дворот ми го донесоа синот во лимен ковчег. Тој отиде да ја брани државата ако затреба, се заколна во тоа, па во на измама пукаа за време на примирјето и ми го вратија детето мртво. Само родителите знаат како е. Затоа, кога зборувам за син ми, зборувам за сите деца убиени и ранети надвор од борба“, изјави за „Политика“ Неџади Османи, татко на еден од убиените војници.

Според информациите на белградскиот весник, новата влада во Словенија нема да ја попречува меѓународната правна помош за сослушување на осомничените бидејќи, меѓу другото, е должна да го стори тоа според Женевската конвенција.

Исто така, Словенија треба да соработува и во понатамошната работа за овој случај, што би значело сослушување на осомничените за убиствата на војниците и во Словенија, а потоа судствата во двете земји треба да одлучат за натамошното водење на постапката.

Инаку, во Словенија се водеа 28 кривични постапки за наводни воени злосторства против припадници на ЈНА, а не беше спроведена ниту една истрага за утврдување на околностите на стотици убиства, ранувања, затворања и злоупотреба на војниците на ЈНА и членови на нивните семејства.

Можете да прочитате

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години