Утрински Весник
Скопје

Објавен јавен повик за субвенции за чистење на оџаци во Општина Гази Баба

629746471 1332152922280275 9095784003423492018 n.jpg

Објавен е јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за чистење на оџаците во своите домаќинства, објави градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

– Загадениот воздух е еден од најголемите предизвици со кои се соочуваме. Со редовно чистење на оџаците се овозможува подобро согорување на огревното дрво, намалување на штетните честички ПМ10 и ПМ2.5, поголема заштита од пожари и зачувување на животната средина.

Висината на субвенцијата е 1.200 денари по домаќинство.

Право на учество имаат жители на општина Гази Баба; Домаќинства со исчистен оџак во периодот од објавата на повикот до 30.11.2026; Со фискална сметка и потврда од овластена фирма.

За аплицирање потребно е да се достави барање со потребната документација во архивата на Општина Гази Баба, ул. „Архимедова“ бр.2, секој работен ден од 07:30 до 16:30 часот, стои во објавата.

Повеќе информации и формулари на линкот од јавниот повик.

Можете да прочитате

Бесплатен панорамски разглед на Скопје

Традиционална крводарителска акција по повод 26 Јули

Меџити ги пречека делегациите на Folk Fest во Општина Чаир