Утрински Весник
Скопје

Нови паркови, повеќе дрвја и зелени квартови – зелената агенда на Каја Шукова

Image 2025 10 04 165941284.png

„Скопје мора повторно да дише. Зеленилото не е луксуз, туку услов за здрав град,” изјави Каја Шукова, кандидатка за Градоначалничка на Град Скопје од СДСМ, во интервју за Радио Слободна Европа.

Во својата програма, Шукова најавува „15 паркови за 15 месеци”, што вклучува ревитализација на постојните паркови и изградба на нови зелени површини во најурбанизираните населби.


„Веќе имаме мапирано локации – паркот во Карпош, покрај Вардар, паркот во Аеродром и други делови на градот каде што зеленилото мора да се врати,” рече таа.

Шукова објасни дека дел од старите дрвја мора да се заменат со нови садници, согласно препораките на шумарските инженери.

„Не станува збор за сечење, туку за обновување. Скопје заслужува модерен, зелен град кој ќе им припаѓа на сите генерации,” порача таа.

Можете да прочитате

Во Скопје одбележан Светскиот ден на поправки под мотото „Поправките ги поврзуваат луѓето“

Меџити: Старата скопска чаршија останува наш приоритет, зачувувањето на традицијата и нејзиниот развој бараат заедничка посветеност

Без вода денеска корисниците на улицата Столтенбергова и потегот до „Маракана“