
„Скопје мора повторно да дише. Зеленилото не е луксуз, туку услов за здрав град,” изјави Каја Шукова, кандидатка за Градоначалничка на Град Скопје од СДСМ, во интервју за Радио Слободна Европа.
Во својата програма, Шукова најавува „15 паркови за 15 месеци”, што вклучува ревитализација на постојните паркови и изградба на нови зелени површини во најурбанизираните населби.
„Веќе имаме мапирано локации – паркот во Карпош, покрај Вардар, паркот во Аеродром и други делови на градот каде што зеленилото мора да се врати,” рече таа.
Шукова објасни дека дел од старите дрвја мора да се заменат со нови садници, согласно препораките на шумарските инженери.
„Не станува збор за сечење, туку за обновување. Скопје заслужува модерен, зелен град кој ќе им припаѓа на сите генерации,” порача таа.