Утрински Весник
Македонија

Нови обилни врнежи од дожд и од снег доаѓаат во западна Македонија

Meteoalarm.mk 45.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Циклонот со центар над Џеновскиот залив кој го проширува своето влијание до нашиот дел од Европскиот Континент во текот на ноќта кон недела  и во недела претпладне 8 февруари 2026 ќе донесе нови пообилни врнежи од дожд во западна Македонија каде локално ќе наврнат нови над 15 литри дожд на метар квадратен. Во исто време со север ќе се спушта поладен воздух па така на планините над 1000 метри надморска височина ќе има врнежи од снег па така снежната покривка на планините  и на Скијачките центри ќе се зголеми и ќе се прошири.

Ќе дува ветер од западен поравец кој повремено ќе биде засилен на интензитет особено во текот на денешниот ден сабота 7 февруари 2026.

Во Скопје  и околината исто така ќе има услови за повремен локален дожд но со послаб интензитет.

Температурите во денот недела 8 февруари 2026 ќе бидат во опаѓање  и тие ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 11 степени а во Скопје  и околината температурата ќе се искачи до околу 6/7 степени.

Поради очекуваните врнежи од снег на планинските превои во западна Македонија кои ги очекувам во текот на ноќта кон денот недела  и во недела претпладне 8 февруари 2026 апелирам возачите да бидат внимателни како управуваат со своите возила.

Можете да прочитате

Како 5 тони дрога поминала граница и кој ќе одговара ако била незаконски произведена, прашува СДСМ

Поради магла намалена видливост на неколку патни правци

Минчев: СДСМ ја изгуби идејата, Црвенковски беше симбол на државност