Утрински Весник
Македонија

Нови детали за здравствената состојба на Зоки Фаци: Одложена му е операцијата во Турција, сепак ќе се оперира во Македонија

Zoki Vasilevski Faci Foto Printskrin Instagram2.jpg

Познатиот јутјубер Стефан Лазаров ова утро сподели радосни вести поврзани со здравствената состојба на Зоран Василевски, познат во јавноста како Зоки Фаци. Како што пишувавме и претходно Зоки замина во Турција со цел таму да биде опериран, меѓутоа во изминативе
неколку дена се чекаше конкретна информација околу неговата состојба која Лазаров веднаш ја сподели.

“Зоки вчера се врати од Турција, таму се направија целосни испитувања кои чинеа за 3 дена околу 6000-7000 евра и истите покажаа дека туморот е над 30 cm и имал метастази во почетна фаза. Таму му беше предложено дека треба повторно да оди на хемотерапии па тек за месец, два да биде опериран. Но, Зоки се слушна со доктор и од Систина и одлучено е дека тука ќе го оперираат и нема потреба повеќе да се чека.

Само што ми се јави Зоки и ми кажа дека има надеж многу и дека му е кажано дека ќе биде се океј. Значи операцијата би требало да се случи следнава недела, а кога ќе имаме нови информации ќе ве известам”, напиша тој во објавата.

Можете да прочитате

Филипче по средбата со Давкова: Укажав дека партизацијата на безбедносните служби мора да запре

Заменик министерот Исени на 115 сесија на Советот на Меѓународната организација за миграции во Женева

Македонија е избрана за членка на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиско оружје (OPCW) (2025–2027)