Утрински Весник
Македонија

Македонски возач во притвор по несреќа со Брза помош во Србија

Bolnica Srbija 2.jpg

Македонски државјанин е уапсен во Србија откако со камион удрил во санитетско возило кое било запрено на стопирачката лента кај Грделица. По приведувањето, надлежните органи му одредиле задржување во траење од 48 часа, соопшти Полициската управа во Лесковац.

Тешката сообраќајна несреќа се случила во вторникот попладне на автопатот во близина на Грделица. Санитетското возило превезувало десетгодишно дете од Врање кон болницата во Ниш, кога поради дефект било принудено да застане на стопирачката лента.


Возачот на санитетот излегол од возилото за да го провери и отстрани дефектот. Во тој момент, според првичните информации од истрагата, во санитетското возило удрил камион управуван од македонскиот државјанин.

Од силниот удар, вратата од санитетското возило го оттурнала возачот, кој паднал на бетонската подлога и се здобил со тешки телесни повреди. Тој итно бил пренесен во Универзитетскиот клинички центар во Ниш, каде што му била укажана медицинска помош.

Во меѓувреме, десетгодишното дете, кај кое постоело сомнение за воспаление на слепото црево, било успешно транспортирано до болницата благодарение на лекарка која случајно минувала покрај местото на несреќата.

Докторката, која патувала со својот приватен автомобил, веднаш застанала, го презела детето и го однела во болницата во Ниш, обезбедувајќи му навремена медицинска помош.

Надлежните органи во Србија продолжуваат со истрагата за утврдување на сите околности под кои се случила сообраќајната несреќа.

Можете да прочитате

Клековски: Да нема „слободни јавачи“ на епидемијата – Пановски му возврати да ги предупреди медиумите да не го бараат

Спасовски: Катастрофата во Гостивар е уште една потврда за нефункционалниот систем под оваа власт

Трет ден продолжува  стабилизирањето на состојбата со гастроентеритис во Гостивар – бројот на нови прегледи намален за 41 отсто