Утрински Весник
Балкан

Нови цени на патарини во Србија

20260103171628 big 730x400 99.webp.webp

Цените на патарините во Србија се зголемени и важат само за патнички возила, а објавата е поместена во Службен весник.

Известувањето за ова не беше видливо прикажано на веб-страницата на ЈКП „Патишта на Србија“, па затоа многу возачи кои тргнаа на пат на првиот ден од новата година беа изненадени, јавија денеска српските медиуми.

На веб-страницата има  ценовник за патарините.

Во ценовникот со наслов „Посебна такса за користење на патарина“ е наведено дека важи од 1 јануари во 7 часот наутро. Патарината од Врање до Белград за патнички возила сега чини 1.850 динари.

На сајтот може да се пребаруваат сите цени на патарина, вклучително и за мотоцикли, патнички автомобили и камиони со приколки.

Цената на патарините последен пат беше коригирана на 4 јули 2025 година.

Можете да прочитате

Рама одбива да поднесе оставка, тврди дека зад протестите стојат надворешни сили

Во протестите во Тирана 272 повредени, а 12 луѓе се задржани во болница

Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ