Утрински Весник
Македонија

Нови цени на горивата од полноќ

Benzin Goriva.jpg

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,41 % во однос на одлуката од 8.7.2024 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 0,413%, кај дизелот 1,546% , кај екстра лесното масло за 2,361% и кај мазутот намалувањето е за 2,104%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 0,554%

Од 12.7.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 86,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 77,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 75,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 47,625 (денари/килограм)

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,009 ден/кг и сега ќе изнесува 47,625 ден/кг.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 12.7.2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Можете да прочитате

Дали поради Христовски ќе се скараат Апасиев и носителот на Левица во ИЕ6?

Амбасадата на Србија најостро го осуди нападот на нејзиниот Конзулат во Куманово

ОЈО бара притвор за три лица за предизвикување меѓунационална омраза за вчерашните инциденти со македонското знаме