Утрински Весник
Македонија

Нови цени на 2.500 производи – викендов стартува Законот за нефер трговски практики

Denari Pari 1.jpg

Од викендов 2.500 производи ќе имаат маржа до 10% – законот за нефер трговски практики стартува на 29-ти септември. Со него, според очекувањата, трајно треба да се стави ред во хаосот со цените, но од организацијата на потрошувачи сметаат дека институциите не се доволно подготвени за контрола. Одговорна за тоа ќе биде комисијата за заштита на конкуренцијата. Претседателката на ОПМ, Лончар Велкова, предлага или со законски измени да му дозволи на пазарниот инспекторат да контролира и казнува или да се зајакне надлежната комисија.

„Не работеле на терен, никогаш немале инспекции што работеле на терен, што тоа го детектирале. Тука треба институционално искуство да имате вие во таа работа. Тие сега допрва треба да го работат ова. Да се екипираат и да го работат. Колку ќе можат, како ќе можат ние не знаеме и тука е прашањето за имплементацијата на законот, дали законот ќе биде добро имплементиран што пак влијае на потрошувачите“ – Маријана Лончар Велкова, претседател на Организација на потрошувачи

Со законот, покрај органичен рабат, трговците нема да смеат да наплаќаат дополнителни трошоци за маркетинг, репрезентација, како и за истакување одреден производ на полица. Во пракса, тоа ќе значи дека маркетите ќе треба да стават нови цени на сите продукти од листата.

„На 2.500 производи ќе треба да се регулираат цените, значи да не се става маржа поголема од 10% како што се овие“ – Маријана Лончар Велкова, претседател на Организација на потрошувачи

Во меѓувреме, направени се над 60 конроли и напишани се првите казни за замрзнатите маржи на производите од есенската кошничка.
„Издадени се 8 прекршочни платни налози во висина од над 1.196.000 денари, а кај останатите субјекти постапките се во тек. Денеска се контролираат бурекчилниците, помалите маркети и останати трговци на мало“, велат од пазарниот инспекторат.

Премиерот Мицкоски вели дека е рано да се каже дали оваа мерка има реален ефект врз домашниот буџет кај граѓаните.

„За два дена не би можел да кажам дали резулати има или дали сум задоволен. Да почекаме да видиме како ќе се одрази ова на инфлаторната спирала , да почекаме да видиме какви ќе бидат параметрите за овој месец, па дури потоа би можел да дадам коментар“ – Христијан Мицкоски, премиер

Бруто профитната маржа ќе биде ограничена до 10% на 73 производи во есенската кошница до крајот на октомври.

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме