Утрински Весник
Свет

Израел ги предупредил САД за наводен ирански план за убиство на Трамп

Tramp 1.webp.webp

Израел ја предупредил американската влада за наводен ирански план за атентат врз претседателот Доналд Трамп, јавија Си-Ен-Ен и „Волстрит Џурнал“ повикувајќи се на неименувани извори.

Според извештаите, иранското раководство неодамна го подготвило тој план. Детали за наводниот заговор не се откриени, пренесе ДПА.


Американската администрација често добивала слични предупредувања во изминатите недели, јави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на американски функционер. Меѓутоа, предупредувањето од Израел било ново и вклучувало конкретен план за атентат, изјавил функционерот.

Друг американски функционер изјави за Си-Ен-Ен дека предупредувањето може да претставува и обид за влијание врз одлуките на Трамп во врска со војната со Иран. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху неодамна бараше поостар став кон Техеран и влезе во судир со Трамп по тоа прашање.

Трамп ги подгреа шпекулациите за безбедносните грижи откако, спротивно на очекувањата, не го искористи новиот авион „Ер Форс Уан“ (Air Force One) на неговиот повратен лет од самитот на НАТО во Анкара.

– Јас сум број еден на листата за отстрел на Иран – рече тој, без да навлегува во подетални објаснувања. 

Можете да прочитате

Бројот на загинати во земјотресите во Венецуела се искачи на 3.889

Опожарена рафинерија во рускиот Краснодарски крај, причина за пожарот пад на делови од соборен дрон

Иранскиот ајатолах Хамнеи погребан по неколкудневна жалост