Утрински Весник
Македонија

Нови 221 случај на грип пријавени минатата недела во државава

20241231133008 Big 730x400 46 1.webp.webp
Dik 300x250 mk

Во текот на 52. недела од 2024 година – од 23 до 29 декември, во Република Северна Македонија има 221 случај на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грипот – 59,0 проценти повеќе во споредба со претходната недела, соопштија попладнево од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Во однос на возрасната дистрибуција, 119 лица се на возраст од 15 до 64 години. Педесет се деца на возраст од пет до 14 години, а 38 до четири години. Четиринаесет се лица на возраст над 65 години.


– Заболените се пријавени од 16 ЦЈЗ/ПЕ, Дебар – 43, Скопје – 38, Гостивар – 36, Куманово – 23, Кавадарци – 20, Тетово – 12, Радовиш – 11, а во Охрид, Штип, Струга, Македонски Брод, Кичево, Прилеп, Битола, Ресен и Неготино, бројот на заболени е еднаков или помал од десет. Во 11 извештајни единици што пријавија случаи во текот на оваа недела се регистрира многу ниска, во четири – сезонска, а во Дебар – средна активност на вирусот на грип, појаснија од ИЈЗ.

Од Институтот потсетија дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување.

Заклучно со 52. недела, во државава вакцинирани се вкупно 72.143 лица со бесплатна или комерцијална вакцина против грип. 

Можете да прочитате

Избрани нови членови на МАНУ

Хаос во Тетово: Дете заврши во болница, лице го удрило со тврд предмет

Николовски: Системот на злоупотреби што го создаде Владата ја уништи довербата – земјоделците повторно ќе ја плататат цената