Утрински Весник
Спорт

Новак Ѓоковиќ: Не сум сигурен дали ќе можам да играм во четвртфиналето

Novak.webp.webp

Новак Ѓоковиќ кој по уште еден маратонски натпревар, се пласираше вчера меѓу осумте најдобри на Ролан Гарос, изјави дека не е сигурен дали неговото тело ќе може да издржи нов напор и дали ќе се појави на теренот во утрешното четвртфинале.

По маратонска битка против Италијанецот Лоренцо Мусати во минатото коло и победата која ја извојува во 3 часот наутро, Ѓоковиќ вчера по четири и пол часа игра го совлада Аргентинецот Франциско Серундоло со 3-2 во сетови.

Противник на Ѓоковиќ во четвртфиналето в среда ќе биде Норвежанецот Каспер Руд, кој синоќа беше поуспешен од Тејлор Фриц со 3-1.

„Изминатите неколку недели чувствувам непријатност во десното колено, но немаше проблем до денешниот меч во вториот сет кога се лизнав и почувствував болка. Побарав помош од докторот, тоа ме вознемири во играта. Не бев сигурен дали да продолжам, побарав лекови, но беше потребно 30-45 минути за да делуваат, па го поминав петтиот сет без болка. Во вторник ќе имаме нов преглед, добро е што имаме ден за одмор, а не знам што ќе биде и дали ќе бидам на теренот“, изјави Ѓоковиќ на синоќешната прес – конференција.

Можете да прочитате

Борко Ристовски повеќе не е Извршен директор на РК Вардар

ФФМ бара извинување од репрезентативецот на Албанија, Даку за пцовките упатени кон Македонците

Фудбалерот на Албанија, Даку, ги пцуеше Македонците и Србите