Утрински Весник
Балкан

Нова рунда дијалог меѓу Белград и Приштина за ЗСО и забраната за динари во Косово

7654.png

Нова рунда од дијалогот Белград – Приштина ќе се одржи денеска во Брисел. Делегацијата од Белград ја предводи директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ.

Петковиќ рече дека ќе има разговори на техничко ниво за сите прашања важни за деескалација, вклучително и Заедница на општини со мнозинско српско население (ЗСО) и укинувањето на динарот.

-Темата секако е ЗСО, како прва и основна тема, но и други важни прашања за деескалација, а во рамките на нив, пред се, прашањето за динарот и забраната Србите да земаат плати, пензии во Косово, и се тоа води до хуманитарна катастрофа, изјави Петковиќ.

Претходната рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина во Брисел се одржа на крајот на февруари.

Можете да прочитате

Вучиќ за најавената посета на делегацијата на ЕП: Никој не ги покани во Србија, не сакам да ги видам

Законот за забрана за пушење во Грција во голема мера се почитува веќе шест години

Дводневен штрајк на таксистите во Грција