Утрински Весник
Магазин

Финска е најсреќната земја во светот

Финска е најсреќната земја во светот
300x250 (7)

Финска ја задржа својата позиција на земја со најсреќна популација шеста година по ред, според Светскиот извештај за среќа.

dobivaj vesti na viber

Светскиот извештај за среќа истражува колку луѓето се задоволни од нивните животи во различни земји.

Ss1

Извештајот, кој се занимава и со ефектите од кризата предизвикана од коронавирусот врз благосостојбата на луѓето, секоја година го составуваат научници во САД врз основа на анкети на Институтот Галуп.

Заедно со Финците, Данска и Исланд ги заокружија првите три среќни земји. Израел се искачи за пет места за да биде на четвртото место оваа година, а Холандија на петтото. Други земји во првите десет се Шведска, Норвешка, Швајцарија, Луксембург и Нов Зеланд.

Германија е на 16. место оваа година, со пад од две позиции. Соединетите Американски Држави, Обединетото Кралство и Франција се рангирани на 15, 19 и 21 место.

Словенија е на 22 место, Италија 33.

На дното на рангирањето се претежно африканските земји, а Авганистан и Либан разурнати од војна се двете најнесреќни земји во светот, во истражувањето во кое беа опфатени вкупно 137 земји.

Научниците велат дека проценката на среќата на луѓето останала извонредно отпорна и покрај Ковид-19 пандемијата, со глобални просеци во 2020 до 2022 година исто толку високи како оние во годините пред пандемијата од 2017 до 2019 година.

Ss1

Можете да прочитате

Вселенско пристаниште во Шкотска блиску до лансирање на сателит, совладани две од три пречки

Со долгорочната прогноза за летото се најавува забрзано опаѓање на топлиот циклус и пристигнување на ладниот

Во новата сезона на „Симпсонови“ убиен еден од важните ликови од серијата