Утрински Весник
Свет

Нов напад на китови убијци кај шпанскиот брег, уништија брод

Нов напад на китови убијци кај шпанскиот брег, уништија брод

Китовите убијци сериозно оштетија едрилица во близина на јужниот шпански брег, соопшти локалната спасувачка служба, во последниот од десетиците напади на орки врз пловни објекти долж шпанскиот и португалскиот брег оваа година.

dobivaj vesti na viber

Денес во раните утрински часови група орки го пробиле трупот на брод кој пловел кон Гибралтар. Четиричлениот екипаж ги повикал шпанските власти на помош, изјави портпаролот на спасувачката служба.

На помош на екипажот на 20-метарскиот брод „Мустик“, кој пловел под британско знаме, притрчале спасувачите со брод и хеликоптер. После тоа, тој бил закотвен во пристаништето Барбате во провинцијата Кадиз за поправка.

Според истражувачката група GTOA, која ги следи популациите на ибериските орки, инцидентот следи по најмалку 20 интеракции само во Гибралтарскиот теснец помеѓу малите бродови и овие морски предатори. Во 2022 година, пријавени се 207 интеракции, покажуваат податоците на GTOA.

 

Можете да прочитате

Русија и Јордан предупредуваат на опасност од регионална ескалација

Директните напади меѓу Иран и Израел завршија

Гутереш: Крајно време е да се запре опасниот циклус на одмазда на Блискиот Исток