Утрински Весник
Свет

Нов мировен план за Украина во игра: Путин не се огласи, Захарова бесна

„Политико“: Ако пропадне контраофанзивата, ќе се намали испораката на оружје во Украина

Учесниците на разговорите во Џеда, Саудиска Арабија, презентираа алтернативен план за решавање на конфликтот во Украина, објавија руски и украински медиуми.

dobivaj vesti na viber

Се прецизира дека проектот го дизајнирале саудиските власти и „голем број други земји“, а за иницијативата била информирана и Русија.

Како што јави РИА Новости, дел од алтернативниот план, кој се разликува од мировната формула на украинскиот претседател Володимир Зеленски, вклучува интегритет на Украина и прекин на огнот на сите фронтови, како и почеток на мировни преговори под покровителство на ОН и размена на затвореници.

Украинската агенција Укринформ јавува дека состанокот за мирот во Украина завршил без конечна декларација, но со „внимателно позитивни сигнали од Кина“.

Европски дипломатски извори велат дека е постигнат договор за централните точки на мирно решение, како што се „територијалниот интегритет и суверенитет“ на Украина.

Посебно била забележана активната улога на Кина, бидејќи нејзиниот претставник изразил „позитивни“ ставови за евентуална идна средба како што е денешната, наведува Укринформ.

Од друга страна, шефот на бразилската делегација Селсо Аморим повика на „вистински преговори во кои ќе бидат вклучени сите страни“, вклучително и Русија.

„Дури и Украина да е најголемата жртва, ако навистина сакаме мир, мораме некако да ја вклучиме Москва во овој процес“, рече бразилскиот претставник.

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок изјави за Билд дека „секој милиметар напредок кон праведен мир носи трошка надеж за народот на Украина“.

Според неа, пораката на состанокот во Џеда е дека „оваа брутална руска агресивна војна ги погодува и луѓето во Африка, Азија и Латинска Америка“ и има импликации далеку од границите на Европа, од иднината на меѓународниот поредок до прашањата за енергетска безбедност, зголемени цени на житото и глобално снабдување со храна „која Русија толку безмилосно ја деградираше“.

Шефицата на германската дипломатија ги повика земјите ширум светот да направат се за да спречат агресивните војни повторно да станат нормален феномен во 21 век.

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор претходно најави дека неговата влада нема да учествува во преговорите без Русија.

Портпаролката на МНР Марија Захарова, коментирајќи ги консултациите во Џеда, истакна дека носењето одлуки за украинската криза на политичко ниво без учество на Москва е апсурдно и бесмислено.

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење