Утрински Весник
Македонија

Носителката од ГРОМ во ИЕ1, Андоновска обвинува за изборна кражба

Andonovskadobrila.jpg

Носителката на пратеничката листа на коалицијата „Храбро за Македонија“ и членка на Извршниот одбор на ГРОМ, Добрила Андоновска на својот Фејсбук профил објави информации со кои посочува на можна изборна кражба.

Таа посочува едно изборно место во Општина Чаир каде стојат различни бројки на официјалниот записник и на сајтот на Државната изборна комисија.

„Како се крадат гласови на избори. Пример само од едно избирачко место, во записникот стои 217 гласа, во ДИК 28. Колку се украдени во ИЕ1?

Не дека ќе се добиеше пратенички мандат, но бројката на добиени гласови ќе беше многу поголема. Прашање: Колку се украдени во сите ИЕ за претседателските избори?,, Фер и демократски избори” во Македонија е само празна фраза.

Да живее Република Македонија, ваква недемократска, каде добиената доверба на граѓаните, искажана преку нивниот глас, очигледно нема никакво значење за тие кои ги ,,штимаат” резултатите по нивна мерка.

Благодарам на сите кои гласаа, особено на тие чии гласови некој ги префрлил на друга пратеничка листа – некоја која мора да биде дел од власта (во овој случај, гласовите завршиле на конто на ВЛЕН).

,,Браво” дечки, така сите заедно ќе влеземе во ЕУ, како ,,боси по трње”.Прашање е само, кој потоа ќе ни ги ,,вади трњето од стапалата”?Велат, помалку боли ако ,,сами си’ ги вадиме”, но не трњето туку очите (во духот на народните мудрости).Ќе живее овој народ македонски, но во други држави“ вели Андоновска.

Можете да прочитате

И амбасадорот во Романија, Жерновски, повикан на консултации во МНР

На Табановце за влез во државата се чека околу еден час

Полицијата веднаш го пронајде – Виктор е најден во Кирамидница