Утрински Весник
Магазин

Норвешка: Турист казнет со 1.100 евра поради вознемирување на моржови

Imagesmasivni Predzadnje.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Турист кој „премногу се доближил до морж“ на норвешкиот архипелаг Свалбард треба да плати казна од речиси 1.100 евра. Властите велат дека мажот го „вознемирил“ животното кое лежело на мразот.

Локалните власти објавија дека човекот „го вознемирувал моржот кој лежел на мразот“. Граѓаните виделе како маж му се приближува на цицачот за да го фотографира и пријавиле кај локалниот гувернер, а „делови од инцидентот биле забележани и од службениците“.

Во Свалбард, постои закон кој вели дека луѓето мора да се однесуваат на начин што не предизвикува непотребно вознемирување на дивите животни. Туристот бил донесен во канцеларијата на гувернерот, каде ја прифатил казната.

– Гувернерот ги охрабрува сите да држат дистанца од моржовите за да не ги вознемируваат и за да нема опасност за луѓето – се вели во соопштението од кабинетот на гувернерот.

Моржовите биле ловени практично до истребување на архипелагот Свалбард до 1952 година, кога биле заштитени со закон, според Норвешкиот поларен институт.

И покрај децениската заштита, бројот на моржови во регионот останува низок и тие остануваат на националната црвена листа на Норвешка, која ги идентификува како видови во опасност од исчезнување во европската земја.

Од следната година стапуваат на сила новите правила за моторен сообраќај на море, особено насочени кон заштита на моржовите, каде што ќе биде забрането свесно да им се доближува на оддалеченост помала од 150 метри. Ограничувањето на брзината ќе биде пет јазли за секој моторизиран сообраќај на оддалеченост од 300 метри од видно животно.

Можете да прочитате

Двајца другари од Индија, пронашле дијамант вреден 50.000 евра, со парите ќе ги мажат сестрите

Хуманитарен Божиќен базар – „ELA во Погон”

Четири хороскопски знаци што најчесто ги нервираат другите