Утрински Весник
Свет

Блинкен: Се надевам дека Хамас ќе ја прифати „исклучително великодушната“ понуда

Blinken 960x540 1.jpg

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во Ријад изјави дека се надева дека палестинското движење Хамас ќе ја прифати „исклучително великодушната“ понуда за запирање на израелската офанзива во Појасот Газа во замена за ослободување на заложниците.

„Хамас има понуда пред себе која е крајно, крајно великодушна од израелска страна“, рече Блинкен на Светскиот економски форум, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Тој нагласи дека Хамас мора брзо да донесе одлука за понудата. „Се надевам дека ќе донесат правилна одлука“, изјави Блинкен.

Делегација на Хамас денеска треба да престојува во Каиро за да преговара за прекин на огнот во Газа.

Можете да прочитате

Нетанјаху за налогот за апсење од МКС: Тоа е апсурдна одлука

Судењето против Трамп се ближи кон крајот

Путин назначи нов заменик министер за одбрана