Утрински Весник
Свет

Норвешка најави дека ќе го уапси Нетанјаху доколку биде распишана потерница

Netan ahu.webp.webp

Норвешка е првата европска земја која соопшти дека ќе го уапси израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху доколку Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог по него.

Норвешкиот министер за надворешни работи Еспен Барт Ејде изјави дека Норвешка ќе мора да го уапси Нетанјаху доколку биде издадена потерница, пренесе Ал Џезира.

Обвинителот на Меѓународниот кривичен суд побара од судот да издаде налози за апсење на израелскиот премиер Нетанјаху, министерот за одбрана Јоав Галант, како и за тројца функционери на Хамас, меѓу кои и Јахја Синвар.

„Доколку тој или некој од лидерите на Хамас, кои исто така се обвинети, се појави во Норвешка, тогаш според меѓународното право ние сме должни да го сториме тоа. Истото важи и за сите земји во Европа со исклучок на Турција“, изјави Еиде за норвешката ТВ 2.

Можете да прочитате

Пакистан распореди 8.000 војници и ескадрила борбени авиони во Саудиска Арабија

Белорусија тврди дека нуклеарните вежби со Русија не се насочени против никого

ЕУ регистрира зголемување до речиси 30 отсто на вратените странци без право на престој