Утрински Весник
Македонија

Нормализиран сообраќајот на патот Горно Лисиче- Долно Лисиче, пуштен во употреба првиот мост во село Батинци

Amsm.jpg

Од 12:20 часот нормализиран е сообраќајот на локалниот пат  Горно Лисиче кон  Долно Лисиче и пуштен е во употреба првиот мост во село Батинци, информира АМСМ.

РЦУК – Скопје утрово соопшти дека поради врнежите од дожд синоќа дошло до излевање на Маркова Река преку мостот кај населеното место Љубош и дојдено е до поплавување на неколку куќи, магацини и индустриски објекти во селата Студеничани, Батинци и делови кон Пинтија.


Сообраќајот на државните патишта се одвивa непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Можете да прочитате

Свештена бигорска Обител: Велигден не е време за профит, туку за милосрдие

Митрополит Агатангел: Велигден е можност и за наше лично воскресение

Полициска акација во Арачиново: Бројни екипи на терен