Утрински Весник
Свет

Нивото на Урал во Русија продолжува да расте: Речиси 8.000 луѓе евакуирани, повеќе од 3.500 домаќинства поплавени

Hjuston Poplava4.jpg
300x250 (7)

Нивото на реката Урал кај Оренбург во руската област Оренбург во текот на ноќта порасна за 38 сантиметри и утринава достигна 1.060 сантиметри, надминувајќи го нивото на вонредна заштита од поплави за 130 сантиметри, соопшти  окружната управа на Оренбург.

Од загрозените подрачја се евакуирани околу 7.800 граѓани.

Img 5587

Во соопштението на Телеграм, населението е повикано да се евакуира од поплавеното подрачје, пренесе РИА Новости.

Повеќе од 3.600 домаќинства се поплавени во Оренбург, изјави утринава градоначалникот Сергеј Салмин.

Властите на регионот Оренбург во средата објавија дека нивото на реката Урал во Оренбург достигна највисоко ниво досега забележано.

Во реонот на Оренбург од 4 април е во сила вонредна состојба поради влошување на состојбата со поплавите.

На 7 април, владината комисија одлучи да ја класифицира поплавата во областа Оренбург како федерална вонредна состојба.

Најтешка е ситуацијата во градот Орск, а големи поплави се забележани и во Оренбург.

Вкупната штета од поплавите, според првичните проценки на регионалните власти, може да изнесува околу 207 милиони евра.

Вонредна состојба е на сила и во регионите Курган и Тјумен во Русија.

Властите на Казахстан соопштија дека земјата е погодена од најтешките поплави во последните 80 години, а во некои региони на земјата е прогласена вонредна состојба.

Ss1

Можете да прочитате

Европската комисија отвори постапка против Инстаграм и Фејсбук

Прво официјално појавување на Кралот Чарлс по дијагнозата: Не можеше да ја тргне насмевката

Нова ерупција на вулканот Руанг во Индонезија: Прогласено највисоко ниво на тревога