Утрински Весник
Спорт

Нишиока го крена трофејот во Сеул

Нишиока го крена трофејот во Сеул

Јапонецот Јошихито Нишиока ја освои својата втора титула во кариерата, победувајќи го Канаѓанецот Денис Шаповалов со 6:4/7:6(5) во финалето на Кореја опен во Сеул, негова втора титула по таа од Шенжен во 2018 година.

dobivaj vesti na viber

Со оваа победа, 27-годишниот Нишиока ќе скокне на 41. место на АТП листата во понеделник, негов најдобар пласман во кариерата и тоа пред домашниот Јапонија опен во Токио.

Нишиока, кој на патот до финалето го победи светскиот број 2, Норвежанецот Каспер Руд и 5. носител Ден Еванс, направи брејк во 10. гем во првиот сет за да дојде во предност, по што Шаповалов, кој исто така бркаше втора титула во кариерата да поведе во вториот сет. Но, Нишиока врати брејк за да израмни, по што во тај-брејк ја освои титулата.

Можете да прочитате

Чави и да не се премисли останува во Барселона

Јокиќ со нов рекорд во НБА

Медведев – Синер е првата полуфинална двојка на Мастерсот во Мајами