Утрински Весник
Економија

Николовски: За 300% ги зголемивме субвенциите за ориз и обезбедивме поддршка за набавка на комбајни за жнеење

417498462 933881474772356 1498889688317910434 N.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со државниот советник за рурален развој, Трајан Димковски денеска беа во работна посета на Кочани, каде остварија повеќе средби со земјоделците производители на ориз, добитници на мерката за набавка на специјализирани комбајни за жнеење на ориз и набавка на сушари за ориз. -Ориозот, нашето македонско бело злато, со новиот модел за субвенционирање го издигнавме во листата на статешки важни култури за државата, а за оризопроизводителите креирани се мерки, со кој можат да го модернизираат и олеснат своето производство, изјави министерот Николовски. До сега за 300% се зголемени субвенциите за ориз. Со новиот модел за субвенционирање оризопроизводителите добиваат основна субвенција од 6.000 денари по хектар и дополнителна субвенција од 19.000 денари по хектар со употреба на сертифициран семенски материјал, или 12.000 денари по хректар доколку не се употреби сертифициран семенски материјал. Оризопроизводителите, како и сите други земјоделци, на крајот од 2023 година, на своите сметки авасно ја добија основната субвенција, нагласи министерот Николовски. Производителите на ориз, преку програмата за руруален развој, имаат на располагање мерка со која можат да набават специјализиран комбајн за жнеење на оризот, или сушара за ориз. Поддршка со која можат да го модернизираат своето производство. Ваквата можност, до сега, ја имаат искористено повеќе од 30 оризопроизводители, набавувајќи специјализиран комбајн за жнеење на ориз. Македонскиот ориз, како важна култура ја заштитивме од увоз, со предвидена  35% заштитна царина, а го помагаме извозот на македонски ориз. Давајќи поддршка во трошоците за амбалажа на извезен македонски ориз. Висината на поддршката која ја даваме изнесува 2,5 денари за пакување во најлонска амбалажа до 500 грама, потоа 5 денари за пакување во најлонска амбалажа до 1 килограм и 10 денари по пакување во хартиена амбалажа до 1 килограм или по пакување во најлонска амбалажа од 3 до 5 килограми. Од оваа година, како што ветивме пред земјоделците, поддршката за зелена нафта се зголемува за 100%, а оризопроизводителите сега ќе добиваат зелена нафта во износ од 3.200 денари по хектар. Постојано, сите овие години, сме на терен меѓу земјоделците, ги слушаме нивните предлози, нивните барања и заеднички креираме мерки. Искрен партнер сме на секој еден земјоделец. Креираме мерки кои даваат резултати и го развиваат македонското земјоделство.

Можете да прочитате

Денови на финансиска писменост – 24info.mk

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за идната година

Тему достапна и во Македонија, ниски цени и бесплатна достава, квалитетот дискутабилен