Утрински Весник
Економија

Минималната кошница за февруари изнесува 67.382 денари

Kosnica.webp.webp

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) ја сподели вредноста на синдикалната минимална кошница за месец февруари.

Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец февруари 2026 година изнесува 67 382,00 денари, споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец јануари 2025 год. која изнесува 66 413,00 денари е зголемена за 969,00 денари.

Тоа значи дека се потребни скоро три минимални плати за да се преживее месецот.

Со изнајмен стан од 60 квадрати пак, кошницата за месец февруари изнесува 82.757,00 денари.

Можете да прочитате

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата

УЈП со учество на настан организиран од ММФ

МФ: Одземена дозвола за работа на финансиско друштво, продолжуваат засилените контроли