Утрински Весник
Економија

Николовски во Берлин: Заеднички да работиме подобрувајќи ги земјоделските и прехранбени производи

Николовски во Берлин: Заеднички да работиме подобрувајќи ги земјоделските и прехранбени производи

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со делегација на министерството денес учествува на 15-тата Берлинска Конференција на министрите за земјоделство, која се одржува во рамки на меѓународниот саем „Зелена Недела“ во Берлин.

dobivaj vesti na viber

На годинешната Берлинска Конференција 70 министри за земјоделство од целиот свет, разговара како да ја подобрат соработката и заеднички да создадат одржливи глобални системи за храна.

Министрите за земјоделство заеднички го утврдија и текстот на финалното коминике за заеднички одговор на глобаните кризи, нагласувајќи ја важноста од преземање навремени и брзи активности за справување со актуелната криза со храна, со цел да се постигнат одржливи системи за храна.

„Глобалните кризи бараат глобален одговор и акција. Подготвени сме заеднички да ги ублажиме последиците од климатските промени и исцрпувањето на природните ресурси, а истовремено и да ги задоволиме потребите за исхрана на нашето население. Истражувањата, иновациите, дигиталните решенија како и размената на искуства можат да придонесат многу за воспоставување на систем за храна отпорни на кризи. Преку одговорна чесна работа, можеме да го зачуваме биодиверзитетот, здравјето на почвата како и нашите традиционални култури. Ајде заедно да работиме и соработуваме, и да ги подобриме земјоделските и прехранбени производи со што ќе му овозможиме на цело население пристап до здрава и безбедна храна“, истакна Николовски.

Тој заедно со министрите за земјоделство од Западен Балкан учествуваше на состанокот со Постојната работна група за регионален рурален развој SWG-RRD каде дебатираа за трансформација на системите за храна како глобален одговор на повеќекратните кризи во контекст на Зелената Aгенда за Западен Балкан.

Беше посочено дека добрата регионална соработка и солидарност, отворените граници и слободното движење на стоки и луѓе и отворениот пазар се нашите главни сили за соочување со глобалните предизвици во последните години. Само заедно и обединети можеме да ги надминеме сите предизвици.

Можете да прочитате

Битиќи: Над 180 милиони евра поддршка за домашните компании во наредните четири години

Вицегувернерката Митреска: Трендовите се поволни, но Народната банка и натаму е претпазлива во носењето на монетарните одлуки поради присутните ризици

Ангеловска-Бежоска на Пролетните средби на ММФ и СБ: Носителите на политики ќе дискутираат за состојбите и перспективите во економијата