Утрински Весник
Македонија

Николовски: СДСМ го разви лозарството, ВМРО ДПМНЕ не понуди никакви мерки за лозарите

1 25.jpeg

Интегрален текст од изјава за медиуми на Љупчо Николовски, пратеник од СДСМ:

Почитувани,


Од тука, од Тиквешијата, симболот на нашето македонско грозје и вино, на сите лозари и на винариите, им го честитам денешниот празник Свети Трифун- заштитникот на лозарите и винариите.

Лозарството и винарството е стратешки гранки во Македонија.

Затоа и во претходнит период како министер, заедно со лозарите, со винариите, креиравме нови мерки и нови политики за поголема поддршка на овој сектор.

Една од клучните промени беше измената на Законот за вино.

Денеска имаме раст на бројот на семејни винарии, имаме раст на бројот на винарии но и на раст на целокупното македонско вино кое се повеќе се извезува и тоа во над 40 земји.

Извозот на нашето вино достигна над 60 милиони евра и ова е потврда за важноста на овој сектор во македонската економија.

Покрај тоа воведовме и нови програми за поддршка на малите винарии, беа доделени над 150 грантови од по 10 илјади евра, за набавка на опрема и за модернизација на малите семејни винарии.

Денеска нив ги има не само во тиквешијата туку и во сите наши краишта на нашаа убава Македонија.

Ова е многу важно за нашата македонска економија.

Воведовме и авансна поддршка на субвенциите пред крајот на годината, воведовме зелена нафта за лозарите во висина од 960 денари по хектар, воведовме програма за зголемена поддршка и настап на нашите и мали и средни и големи винарии насекаде во светот, на сите важни настани.

Затоа македонското вино денеска е насекаде препознаено во светот.

Новиот закон за вино кој минатата година во усвоивме дава гаранција за откупната цена на македонското грозјеи ги штити токму лозарите затоа што предвидува дека трудот ќе биде ценет.

И затоа се зголемува откупната цена на македонското грозје и на македонското вино.

За жал денеска она што го гледаме е комплетна безидејност, нема нови мерки, нема нови политики за поддршка на македонските лозари.

Јас во секоја прилика заедно со СДСМ, постојано ќе се бориме за македонскиот земјоделец и за лозарите и за македонското вино да се најде насекаде низ светот.

Можете да прочитате

(Видео/Фото) Големо албанско знаме се вее среде Водно

Народот е гладен, цените повторно се качуваат за да се намалат – Граѓаните за последната мерка на Владата (ВИДЕО)

Цената на лебот да се намали на 20 денари, бара Асоцијацијата на земјоделци и фармери