Утрински Весник
Македонија

Нападната жена во домот за стари лица во Куманово

Mvr Policija 4.jpg

Скопјанка вчера била хоспитализирана во кумановскиот ургентен центар откако била физички нападната во домот за стари лица во кој престојува.

Случајот во СВР Куманово бил пријавен од страна на медицинскиот персонал во 16:55 часот. Според полицискиот билтен, жената С.Ц се здобила со повреди по напад од две лица кои исто така се корисници на услугите во истиот дом.


„Според пријавеното, таа била физички нападната од две лица кои, исто така, престојувале во домот“, соопштија од полицијата.

Од раководството на Домот за стари лица потврдуваат дека се запознаени со инцидентот. Тие посочуваат дека дополнителни чекори ќе бидат преземени по добивањето на официјалните документи.

„Информирани сме за настанот и ќе чекаме на целосниот извештај од полицијата за да преземат конкретни мерки“, велат од установата.

Полицијата работи на расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите клучни за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Радовишанец им се заканувал на вработени во странска амбасада, упатен на психијатриско набљудување

17 лица лишени од слобода во изминатото деноноќие, возеле без дозвола и под дејство на алкохол