Утрински Весник
Македонија

Николовска: Институциите си ја префрлаат топката во случајот со Мерко, тие не сакаат да го решат проблемот

Николовска: Институциите си ја префрлаат топката во случајот со Мерко, тие не сакаат да го решат проблемот

Морам да укажам дека, за жал, ова што ни се случува, оваа недоверба во судството, во правосудниот систем, генерално во институциите поврзани со правосудниот сектор, за жал, е резултат само заради одредени поединци, вели Ружица Николовска, во рамките на акцијата „Пораки од реалниот живот – Ова е Македонија“ на денешната трибина со наслова „Криминал и корупција“.

dobivaj vesti na viber

Николовска посочи дека како адвокат кој речиси секој ден е низ ходниците има перцепција дека одредени предмети знаат да се протуркаат набрзина со кршење на човековите права, само да се донесе пресуда, а за други има молк.

Јас како човек кој буквално секој ден сум низ судските ходници – мојата забелешка и мојата перцепција се дека одредени предмети знаат да се протуркаат со максимална брзина и буквално со кршење на човековите права, само за да се издејствува пресуда, без разлика каква и да е, а за разлика од тоа постојат предмети каде што имаат молк. И не само што имаат молкум, туку ова што го гледам последниве денови, конкретно префрлањето ДКСК, случајот со Мерко, институциите, малку е смешно. Зошто? Затоа што има клучни институции кои си ја префрлаат топката и сега како мали деца не, не сум јас, јас пуштив на време, или не, не сум ни јас, јас не добив на ништо. Сакаме да настапи во суштина да го решиме проблемот или сакаме само формалистички нешто да пропагираме дека имаме институции, рече таа.

Николовска изјави дека била дел од неколку клучни предмети посочувајќи го предметот за конфискација на имотот на ВМРО-ДПМНЕ укажувајќи дека за да се конфискува нечиј имот, треба првин да се докаже дека тој навистина потекнува од одредено кривично дело, што не е случај со овој предмет.

„Конкретно за предметот во кој е конфискуван имотот на ВМРО-ДПМНЕ. Јас нема да навлегувам во тоа да ја објаснувам постапката. Зборувам од правен аспект, за вие да конфискувате нечиј имот, првин треба да покажете дека тој имот навистина потекнува од одредено кривично дело. Тоа е број еден работа“, нагласи таа.

Според неа, правосудниот систем е дојден до тој степен така што меѓународната заедница или некој странски дипломат треба да алармира, буквално како што рече, да ви кажеме на јазик на кој вие разбирате за нешто да почнете да менувате.

„Кога би биле во поинакви услови и околности, јас како секој човек кој чувствува припадност кон сопствената земја не би ми било сеедно како некој странски дипломат се меша во внатрешните работи, судството и слично. Но, очигледно е дојдено до тој степен некој да не алармира на таков начин и знаете каков впечаток има во смисла на тоа, мораме да ви кажеме на јазик на кој вие разбирате, за жал“, смета Николовска.

Очигледно е дека тука имаме глувост, па сега доаѓаме да нè критикува и меѓународната заедница, што е жално во крајна линија, и треба да се запрашаме што треба да промениме, заклучи Николовска.

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!