Утрински Весник
Македонија

Николова: Платформа од минатиот век се новите лажни ветувања на ДПМНЕ по примерот на Скопје

Nikolova.jpeg
300x250 (7)

Платформа од минатиот век се новите лажни ветувања на ДПМНЕ по примерот на Скопје. Откако ги изневерија граѓаните на Скопје, со сите нереализирани изборни ветувања ДПМНЕ излезе со нови лажни ветувања. Промовираната Платформа 1198 од минатиот век на ДПМНЕ е токму тоа, нови лажни ветувања. Скопјани, но и граѓаните во над 40 општини ширум државата под капата на ДПМНЕ тоа најдобро го знаат, посочи на денешната прес конференција, Даниела Николова, пратеничка на СДСМ и продолжи: -ДПМНЕ ветуваше бесплатен јавен превоз, 250 еко автобуси, мега паркови, капитални проекти, спортски сали, паркови. Ништо од ветеното не е реализирано. Скопје денеска е запустен град, полн со нечистотија, со хаос во јавниот превоз, со јавни претпријатија во долгови. Нема нови 250 автобуси, нема нови паркови. Граѓаните се иневерени, изборните ветувања неостварени. Се потврди дека ДПМНЕ нема план за иднината и дека оваа партија не може да донесе никаква промена. Со ДПМНЕ е можно само враќање назад. Изборот пред граѓаните на претстојните избори ќе биде помеѓу надеж и просперитетна европска иднина со СДСМ и безнадежност и враќање 10 години назад со ДПМНЕ.

Ss1

Можете да прочитате

Лукаревска: На 8 мај ќе покажеме дека СДСМ има луѓе кои никогаш нема да отстапат од социјалдемократските вредности

ЗА ПРВОМАЈСКИТЕ И ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ: Можно е локално невреме

Битиќи до жителите на Бутел: Резултатот е нула-нула, a на 8-ми мај заеднички одлучуваме за победникот