Утрински Весник
Економија

Николова: Буџетот за 2023 година обезбедува економска пресвртница и повисоки плати и пензии

Николова: Буџетот за 2023 година обезбедува економска пресвртница и повисоки плати и пензии
Ss2

„Владата предводена од СДСМ го усвои Буџетот за 2023 година и тој сега се наоѓа во Собранието. Буџетот за 2023 година е развоен и е одговор на последиците од светската економска криза. Буџетот е со цел конечно да ја победиме кризата, да почнеме економски да растеме, да го зголемиме животниот стандард на сите наши граѓани“ вели пратеничката од СДСМ, Даниела Николова.

dobivaj vesti na viber

Таа посочи дека „следната година мора да биде и ќе биде подобра од оваа. Следната година е година на надеж и на економска пресвртница. Таа пресвртница започнува токму со овој Буџет со кој обезбедуваме 250 милиони евра за дополнителни мерки за помош на граѓаните“.

300x250 (7)

„Пари се обезбедени и за нов раст на минималната плата и за пензиите. Околу 800 милиони евра се предвидени за капитални проекти, за нови улици и патишта, за нови водоводи, за но градинки и училишта, за нови амбуланти и болници. Тоа дополнително ќе го поттикне генералниот економски раст кој според проекциите на ЕБОР треба да биде на ниво на 2.3 отсто, што ќе биде многу подобро од нивото на државите од еврозоната“ рече Николова.

Ss1

Можете да прочитате

Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март

Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање

Бензините поскапуваат, дизелот поевтинува – 24info.mk