Утрински Весник
Македонија

Николоски: Започнуваме со најкрупната реформа – имплементација на новиот Национален едношалтерски систем

217.jpg

Националниот Едношалтерски Систем претставува еден од најзначајните проекти за дигитализација и модернизација на постапките со увозот, извозот и транзитот на стоки. Неговата цел е да обезбеди единствена електронска платформа преку која компаниите ќе можат побрзо и поефикасно да ги спроведуваат законските постапки поврзани со надворешната трговија, истакна денеска заменик претседателот на Владата, Александар Николоски на седницата на која претседаваше со Комитетот за управување со Националниот Едношалтерски Систем.

На Комитетот беше потврдено успешното завршување на тендерската постапка, како и информацијата за склучување на Договорот со најповолниот понудувач за испорака и инсталација на новиот едношалтерски систем НЕС.


Според Договорот, избраниот Конзорциуми има обврска до крај на  2027 година да го операционализира системот и да го стави во функција. Овој софтвер подразбира дека во иднина сите дозволи за увоз, извоз и транзит како и плаќањето, ќе се одвива по електронски пат на една точка.

Целта на реформата е да ја олесни трговијата преку рационализација на процесите при апликација и издавање на дозволи, да се постигне размена на податоци меѓу сите инститиуции на национално ниво, подобра соработка како и координирани активности во рамки на овој систем.

Република Македонија е дел од проектот за олеснување на транспортот и трговијата во земјите од Западен Балкан каде една од компонентите е имплементацијатa и овој Национален Едношалтерски Систем што подразбира целосна замена на тековниот систем за управување со дозволи за увоз, извоз и транзит на стоки со нов систем.

Можете да прочитате

Зекољи: Договорот за автопатот Скопје–Блаце става крај на една долга голгота од лаги, одолговлекувања и празни ветувања

Управители извлекле над 73 милиони денари од сопствената фирма и намерно предизвикале стечај 

ДУИ: Претставување без Албанци не е претставување на државата