Утрински Весник
Македонија

Николоски: За двокатна куќа во внатрешноста не може да се купи гарсоњера во Скопје, затоа народот се иселува, ова мора да се промени 

Img 2592.jpeg

Во вечерашното гостување во централниот Дневник на ТВ Сител, министерот за транспорт Александар Николоски истакна дека заради притисокот што потекнува од Законот за урбанистичко планирање, цената за метар квадратен во општините Центар и Карпош достигна до 3,000 евра. 

„Заради овој притисок кој го имаме квадрат во Центар и Карпош стигна до 3,000 евра. Нас ни се случува да луѓе во внатрешноста продаваат двоспратни куќи за 50,000 евра, а во Скопје или во овие две општини не можат гарсоњера за тие пари да купат и што прават следно, се иселуваат. Нема млада брачна двојка која може да си дозволи 3,000 евра за метар квадратен, а тоа е така затоа што се случи оваа хистерија против урбанизмот од една страна, од друга страна се се’ концентрираше во Скопје, се направи од Скопје град, држава, внатрешноста пропаѓа, а овде цените одат до небо“, посочи Николоски. 

Министерот Николоски понуди решение со кое ќе се формира комисија од сите релевантни страни и да се изготви нов Закон за урбанистичко планирање со кој ќе се стави ред во урбанистичкиот хаос. 

„Затоа со тој закон кој заеднички ќе го работиме со здруженијата на граѓани, невладините организации со еден хетероген состав сакам меѓу другото и овие прашања да ги решиме“, додаде министерот Николоски во своето гостување во Дневникот на ТВ Сител.

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!