Утрински Весник
Економија

Николоски: За 40 % е зголемена изградбата на автопатите, преку 70 % има реализација на капиталните инвестиции

20250820121005 big 730x400 92.webp.webp

Бројот на работници на автопатските делници кои ги гради конзорциумот “Бехтел и Енка” не само што не е намален, туку е и зголемен, имаме раст на градежните активности за 40% на автопатските делници, а реализацијата на капитални инвестиции на Министерството за транспорт е над 70%, што претставува рекорд во историјата на државата и на ниво на Влада, истакна во гостувањето во “Само Интервју”, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

“Во однос на активноста, изградбата на вакви проекти не е прашање на визуелизација, туку е прашање на факти и бројки. Споредбено, декември 2024 година биле завршени работи во вредност од 10,7 милиони евра, декември 2025 година, работи во вредност од 19,1 милион евра, скоро 9 милиони евра повеќе. Понатаму, јануари 2025година 9,7 милиони евра, јануари 2026 година 12,2 милиони евра, февруари 2025 година 8,5 милиони евра, февруари 2026 година 13 милиони евра, што е сериозен скок. Тоа го покажува и Заводот за статистика, третиот квартал лани градежништвото имаше раст од 21%, а четвртиот квартал имаше 16,7%,” потенцира Николоски и додаде:


Реализацијата на капиталните инвестиции на Министерството за транспорт, на што сум особено горд е преку 70%. Се надевам дека со ребалансот ќе имаме и дополнителни средства, затоа што овие средства до ребаланс ние ќе ги потрошиме, што е добро за државата, затоа што нашите средства се најискористени во смисла на раст, потенцираше заменик претседателот на Владата.

Можете да прочитате

Просечната нето плата во мај 49.544 денари

Повеќе пари за ранливите категории и инфраструктурата: Kаква политика најавува Владата?

МФ: По комисиската расправа Владата го усвои дополнетиот Ребаланс – обезбедени средства и за поддршка на земјоделките и жртвите на семејно и родово насилство